Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека дел од македонските иселеници почнуваат да се враќаат од странство, оценувајќи дека условите во западноевропските земји веќе не се како порано. Таа, по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции, посочи дека според одредени проекции на меѓународни финансиски институции, во следните 10 до 15 години, околу десетина големи европски земји би можеле да се соочат со банкрот.
Според министерката, токму влошените состојби во делови од Европа влијаат врз одлуките на иселениците да размислуваат за враќање. Таа додаде дека, за разлика од тие ризици, Македонија добива позитивни оценки од меѓународни институции како ММФ и Светска банка.
Според изнесените податоци, бројот на млади во Македонија е намален за 6% меѓу пописите од 2002 и 2021 година, а се проценува дека повеќе од 77.000 млади луѓе родени во земјата се иселиле во последните години.






