Venture capital и фриленсерите: Што треба да знаете

Ако сте следеле бизнис вести или сте во тек со стартап сферата, веројатно сте слушнале за терминот venture capital (VC). На прв поглед, тоа изгледа како свет резервиран за технолошки гиганти и милионери. Но, што всушност е VC и дали може да им користи на фриленсерите?

 

Venture capital претставува приватно инвестирање во компании во рана фаза со висок потенцијал за раст. Инвеститорите, кои честопати се богати поединци или фондови, вложуваат капитал во замена за удел во бизнисот. За разлика од класичните заеми, VC не бара месечни враќања, но затоа ризикот е висок а потенцијалната добивка е значителна ако компанијата успее. 

 

Финансирањето обично се случува во фази: seed-phase за стартување на идејата, и серии A, B, C за проширување и развој. Инвеститорите во VC често се јавуваат и како ментори и нудат пристап до мрежи и стратешки совети.

 

Во Македонија, VC екосистемот е прилично во зачеток, со ограничен број фондови и ангел-инвеститори (инвеститори во рана фаза на стартапи). Сепак, стартап сцената расте, особено во сегментот на технологија и иновации, но фриленсерите ретко имаат директен пристап до вакво финансирање.

 

За фриленсерите, VC најчесто не е соодветен: нивниот бизнис модел е услужен и ограничен од личната продуктивност, а VC бара експоненцијален раст и распределување на уделот. Примањето VC финансирање може да значи губење на контролата и притисок за брз раст, што не одговара на независниот стил на работа на фриленсерите.

 

Сепак, фриленсерите можат да имаат индиректна корист преку соработка со компании поддржани од VC или учество во акцелератори или мрежи. На овој начин, тие можат да си обезбедат пристап до нови проекти и клиенти.

 

Сѐ на сѐ, VC е моќен инструмент за брзорастечки стартапи, но за фриленсерите, вредноста на ваквото финансирање е повеќе во форма na партнерство и учење отколку во директна инвестиција.

Поврзани вести

Препорачано