Bitcoin повторно е под силен притисок, откако пред две недели падна под 60.000 долари и предизвика нов бран на продажби на криптопазарот. Сепак, дел од on-chain податоците укажуваат дека продавачите можеби влегуваат во фаза на исцрпеност, што може да значи дека пазарот се приближува кон доцна фаза на капитулација.
Според аналитичарите на Bitfinex, моменталната состојба повеќе личи на late-stage capitulation отколку на класична фаза на поширока дистрибуција. Тоа значи дека инвеститорите кои купувале Bitcoin во претходниот период, вклучително и ETF фондови и компании што држат крипто во своите биланси, сега продаваат под притисок и реализираат загуби.
Продажниот притисок се засили откако Bitcoin падна под 75.000 долари. Од тој момент, дел од поновите купувачи почнаа агресивно да продаваат, без поголемо внимание на цената. Во првата трговска недела од јуни, дневните реализирани загуби достигнале 1,35 милијарди долари, што укажува на тоа колку силно дел од инвеститорите излегувале од позициите.
Иако овие загуби се доволни за да потврдат длабоки bear market услови, аналитичарите предупредуваат дека тие сè уште не се на ниво што сигурно би означило конечен пазарен минимум. Затоа, клучното прашање останува дали сегашната консолидација ќе се претвори во вистинска зона на поддршка или ќе биде само кратка пауза пред нов пад.
Дополнителен фактор е макроекономската слика. Според Bitfinex, моменталното олеснување на пазарите доаѓа во исто време со исцрпеноста на продавачите, но тоа не е исто што и голема нова побарувачка. Краткорочното закрепнување може да изгледа охрабрувачки, но без свеж капитал и стабилна побарувачка, Bitcoin тешко може да започне одржлив нагорен тренд.
На пазарот влијаат и пошироките економски услови, вклучително инфлацијата, енергетските пазари, монетарната политика и геополитичките тензии. Можното смирување на односите меѓу САД и Иран може да донесе одредено олеснување, но аналитичарите сметаат дека ликвидноста и реалната побарувачка остануваат многу поважни двигатели од приказната за Bitcoin како safe-haven средство.







