Дизелот од денес поевтин за 6,5 денари, бензините поскапуваат минимално

Од денеска во Македонија важат нови цени на горивата, а најголемата промена е кај дизелот. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОДИЗЕЛ БС поевтинува за 6,5 денари по литар и сега ќе се продава по цена од 85,50 денари.

 

Бензините, пак, бележат минимално поскапување од 0,50 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари за литар.

 

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 87,50 денари за литар. Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,238 денари по килограм и ќе изнесува 47,906 денари.

 

Од РКЕ објаснуваат дека новата пресметка е резултат на движењата на светските берзи, каде што во изминатиот период се забележани значителни намалувања на референтните цени на нафтените деривати. Кај бензините е регистриран пад од повеќе од 10% на берзите, додека кај дизелот и екстра лесното масло исто така има двоцифрено намалување.

 

За граѓаните, превозниците и компаниите што зависат од транспорт, најважна е корекцијата кај дизелот, бидејќи носи директно намалување на трошоците за превоз, логистика и секојдневно користење возила. Со новата цена, дизелот повторно е поевтин од бензините.

Поврзани вести

Препорачано