Бензините поскапуваат, дизелот останува по стара цена

Од полноќ се менуваат цените на дел од горивата во Македонија. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар, а за ист износ се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V останува непроменета, што значи дека дизелот и понатаму ќе се продава по старата цена.

Промена има и кај мазутот М-1 НС, кој поскапува за 0,330 денари. Со новата одлука, еден килограм мазут ќе чини 51,144 денари.

Поврзани вести

Препорачано