ЕУ најавува нови упатства за авиокомпаниите- илјадници летови веќе откажани поради енергетскиот притисок

Проблеми со снабдувањето со гориво предизвикуваат сериозни нарушувања во авио-сообраќајот. 

Европската унија оваа недела се очекува да објави нов сет на детални насоки наменети за авиокомпаниите, кои ќе се фокусираат на изменетите правила за снабдување со гориво. Мерките доаѓаат во период на засилена нестабилност на енергетските пазари, предизвикана од актуелните геополитички тензии поврзани со Иран.

Авиосекторот веќе чувствува засилени последици од ваквите движења, при што,  досега се регистрирани над 13.000 откажани летови на пократки релации.

Покрај тоа, се забележува и пораст на цената на авионските билети, особено кај меѓународните и долги летови, што дополнително ги оптоварува патниците и туристичката индустрија. Се очекува и значително влијание врз летните патувања, со можни промени во веќе направените планови на патниците.

Најголеми оперативни предизвици во моментов имаат некои од водечките европски и светски авиопревозници, меѓу кои се:

  • Lufthansa 
  • Turkish Airlines 
  • British Airways 
  • KLM 

Европската комисија упати препорака до патниците да бидат подготвени за можни промени во распоредите на летови, како и за потенцијални откажувања на веќе резервирани патувања.

Од Брисел посочуваат дека, со оглед на неизвесноста околу времетраењето на енергетските потешкотии, сите учесници во воздушниот сообраќај треба да останат флексибилни и подготвени за различни сценарија во наредниот период.

Поврзани вести

Препорачано