Што е кредитен рејтинг и како влијае на вашите финансии?

Кога аплицирате за кредит, кредитна картичка или заем од банка, една од најважните работи што банката ја проверува е вашиот кредитен рејтинг. Тој претставува финансиски „профил“ што покажува колку сте сигурен должник и колку редовно ги исполнувате вашите обврски.

Кредитниот рејтинг е оценка за вашата финансиска доверливост. Со други зборови, тој им покажува на банките и финансиските институции колку е веројатно да го вратите позајмениот кредит навреме.

Колку е повисок вашиот кредитен рејтинг, толку се подобри условите што може да ги добиете, како:

  • пониска каматна стапка
  • поголем износ на кредит
  • полесно одобрување на заем

Од друга страна, низок кредитен рејтинг може да значи:

  • одбиено барање за кредит
  • повисоки камати
  • ограничени финансиски опции.
Како се пресметува кредитниот рејтинг?

Банките и кредитните бироа анализираат повеќе фактори со цел да го оценат вашиот кредитен рејтинг. Еден од факторите се историјата на плаќањата што сте ги направиле, т.е. се анализира дали ги плаќате ратите навреме.
Исто така се анализира и вашиот вкупен долг т.е. колку кредити и финансиски обврски имате во моментот.

Банките и кредитните бироа ја анализираат и вашата должина на кредитната историја или колку долго користите банкарски производи (кредити, картички). Како интерес од битно значење во оваа насока е каков тип на кредити имате користено. Комбинација од различни финансиски производи (потрошувачки кредит, станбен кредит, картичка). Честото аплицирање за нови кредити може да го намали рејтингот.

Што може да го намали кредитниот рејтинг?

Неколку фактори негативно влијаат на финансиската репутација:

  • Доцнење со рати или неплатени долгови
  • Премногу активни кредити во исто време
  • Честo аплицирање за нови заеми
  • Користење на максималниот лимит на кредитни картички
Како да го подобрите кредитниот рејтинг?

Добрата вест е дека кредитниот рејтинг може да се подобри со дисциплина и правилно управување со финансиите. Со цел подобрување на вашиот кредитен рејтинг, плаќајте ги сите обврски навреме,  избегнувајте прекумерно задолжување, користете кредитни картички умерено, не аплицирајте за повеќе кредити одеднаш и секако, одржувајте стабилна кредитна историја. 

Пред сѐ, кредитниот рејтинг е важен во насока на можноста за добивање станбен кредит како и при дефинирање на условите за потрошувачките кредити за кои би аплицирале во иднина. Исто така, рејтингот има влијание на каматните стапки што ќе ги плаќате и на финансиската доверба што банките ја имаат во вас. Со други зборови, кредитниот рејтинг е еден од клучните показатели на вашата финансиска состојба. Градењето добар кредитен рејтинг е процес што трае со години, но може значително да ви помогне во иднина.

Поврзани вести

Препорачано