Сликата е превземена од Facebook: https://www.facebook.com/photo...

Сигурност во услови на пазарна неизвесност: ЕДС обезбедува двегодишна фиксна цена на електричната енергија со бонус клима уред

Во услови на изразени ценовни осцилации и неизвесност на енергетскиот пазар, компаниите сè повеќе ја истакнуваат потребата од сигурен и стабилен снабдувач.

 

Како одговор на овие предизвици, ЕДС ја претстави новата кампања со понуда за 24-месечен договор со фиксна цена на електричната енергија, овозможувајќи им на деловните субјекти поголема предвидливост и контрола врз трошоците на подолг рок.

 

Дополнително, како дел од понудата, клиентите добиваат инвертер клима-уред во вредност од 25.000 денари, што претставува корисна инвестиција во енергетската ефикасност.

 

„Во вакви околности, компаниите не се водат само од пониската цена, туку пред сè од сигурноста. Токму тоа е суштината на нашата понуда – да обезбедиме стабилност и доверлив партнер кога тоа е најпотребно“, истакна Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

 

Тој нагласува дека изборот на снабдувач во денешни услови претставува стратешка одлука, со директно влијание врз финансиската стабилност и одржливоста на компаниите.

Поврзани вести

Препорачано