Каде во Европа е најлесно да се најде работа: разлики по региони

Старата перцепција за работниот пазар во Европа повеќе не важи. Според редефинираната мапа на пазарот на трудот во Еврпша, стапката на невработеност во 2026 година зависи повеќе од конкретната локација отколку од националните граници. Некои делови од континентот имаат стабилен и динамичен пазар на труд, додека други се соочуваат со значителни предизвици.

 

Милош Поповиќ, кој ја изработи визуелизацијата на мапата, објаснува: „Разликите не се само меѓу земјите, туку и внатре во нив. Местото каде што живеете, вашата локална заедница и поштенскиот број сè уште влијаат повеќе врз вашите можности за работа отколку пасошот што го имате.“

 

Регионите на јужна Шпанија, јужна Италија и Грција остануваат најзагрозените области, со стапки на невработеност кои на одредени места надминуваат 20%. Во Андалузија и јужна Италија, проблемот со невработеноста трае веќе повеќе од десет години, што го ограничува економскиот развој и создава длабоко вкоренети социјални и финансиски проблеми.

 

Од друга страна, региони како Чешка, Полска и германската Баварија бележат ниски стапки на невработеност, често под 5%. Таму работните места се лесно достапни, а пазарот на трудот е стабилен и конкурентен. Овие области се пример за „оази на работа“ во Европа, додека некои други региони остануваат економски исфрлени од колосек.

 

На Балканот состојбата е различна. Во Грција, Албанија и одредени делови од Србија и Црна Гора невработеноста е висока, додека во Босна и Херцеговина ситуацијата е поразновидна – некои региони бележат умерени стапки, а други се над европскиот просек.

 

Во глобала, новата мапа на Евростат покажува дека можностите за работа се силно локализирани и дека изборот на место за живот и работа станува клучен фактор за економската иднина на граѓаните.

Поврзани вести

Препорачано