Основи на инвестирање за почетници: Каде и како да почнете? (едноставен водич за акции, обврзници и фондови)

Во време кога инфлацијата расте а економијата се менува со огромна брзина, сè повеќе млади луѓе се прашуваат: Како да започнам со инвестирање?
Светските финансиски анализи покажуваат дека инвестирањето повеќе не е привилегија само за богатите; денес секој може да започне со мали суми преку дигитални платформи и фондови.

 

Инвестирање значи вложување на пари со цел тие да растат со текот на времето. Најчесто тоа се прави преку:

 

  • Акции (Stocks): Купувате дел од една компанија
  • Обврзници (Bonds): Позајмувате пари на држава или компанија со камата
  • Фондови (ETF или инвестициски фондови): Група на многу различни акции и обврзници во еден пакет

Овие три категории се основата на модерното инвестирање.

 

Што велат светските анализи?

Експертите од глобалните финансиски пазари нагласуваат неколку клучни принципи кога е во прашање инвестирање, посебно за некој кој е почетник. Тие принципи во главно се следниве:

 

  • Диверзификација:  Никогаш не инвестирајте во само една компанија. Распределете го ризикот на повеќе инвестиции. 
  • Долгорочно инвестирање: Историски гледано, акциите носат околу 10% просечен годишен принос на долг рок. 
  • Контрола на емоциите: Паничното продавање за време на пад на пазарот е една од најголемите грешки на почетниците.

Многу познати инвеститори сметаат дека едноставните стратегии се најдобри. На пример, инвеститорската стратегија позната како правило 90/10 предлага инвестирање на околу 90% во индексни фондови и 10% во обврзници, што комбинира раст со стабилност. 

 

Чекори за млад инвеститор, почетник

 

1️. Создадете финансиска основа

Прво создадете фонд за итни случаи (обезбедете средства за 3-6 месечни трошоци).

 

2️. Едукација за финансии

Финансиската писменост е клучна – истражувањата покажуваат дека луѓето со поголемо знаење носат подобри инвестициски одлуки. 

 

3️. Започнете со мали суми

Не е потребен голем капитал. Може да се започне со редовно вложување (на пример секој месец).

 

4️. Инвестирајте редовно

Стратегијата „Dollar-Cost Averaging“ значи вложување фиксна сума секој месец, што го намалува ризикот од погрешно тајмирање на пазарот.

 

5️. Размислувајте долгорочно

Најголемата сила во инвестирањето е искористување на сложената камата – камата на камата со текот на годините.

 

Некои нови стратегии дури предлагаат и 50% акции, 30% обврзници и 20% алтернативни инвестиции за подобра диверзификација. 

 

Најчести грешки на почетниците
  • Инвестирање без знаење
  • Бркање „брзи заработки“
  • Вложување во една компанија
  • Панично продавање кога пазарот паѓа
  • Инвестирање пари што не можете да си дозволите да ги изгубите

 

Генерално, треба да знаете дека инвестирањето не е брз начин за збогатување, туку долгорочен процес на создавање богатство. Како едни од најважните принципи при инвестирање се да започнете рано, да инвестирате редовно, да практикувате диверзифиција и да размислувате долгорочно. На крајот на краиштата, најуспешните инвеститори не се оние што прават најмногу трансакции туку оние што имаат трпение, дисциплина и стратегија.
Ако денес започнете со мала инвестиција, за 10–20 години таа може да стане значителен капитал.

Поврзани вести

Препорачано