Управувањето со личните финансии не зависи само од висината на приходите, туку и од начинот на кој ги користиме и планираме сопствените средства. Со мали промени во секојдневните навики и поорганизиран пристап кон трошењето, секој може постепено дасоздаде поголема финансиска сигурност и стабилност.
Во време на економска неизвесност и постојани промени на трошоците за живот, чувството дека парите не се доволни е сè почесто. Но токму ваквите периоди се добра можност да изградиме поздрав одбнос кон финансиите и да воведеме навика за штедење која ќе ни помогне полесно да се справиме со непланирани ситуации.
Финансиските експерти советуваат дека односот кон парите треба да се гради внимателно и дисциплинирано, исто како и секој друг важен аспект од животот. Импулсивното трошење и недостатокот на план често водат до дополнителен финансиски притисок, додека добрата организација овозможува поголема контрола, подобро планирање и чувство на сигурност.
Многумина веруваат дека не можат да штедат затоа што немаат доволно приходи или затоа што веќе имаат финансиски обврски. Сепак, штедењето не мора да започне со големи износи. И малите суми, ако се издвојуваат редовно, со време можат да создадат значајна заштеда.
Честа заблуда е и дека штедењето бара строги ограничувања и откажување од секојдневни задоволства. Во реалноста, целта е подобро управување со средствата и создавање финансиска резерва која носи мир и сигурност.
Денес постојат и флексибилни начини на штедење кои овозможуваат средствата да се уплаќаат според личните можности и потреби. Таков пример е Флекси штедната сметка на ПроКредит Банка, која нуди слободен пристап до средствата и можност за штедење без фиксни ограничувања.
Најважниот чекор е да се започне. Без разлика дали со мал или поголем износ, навиката за штедење е инвестиција во посигурна и постабилна иднина.







