Централните банки внимателно ја мерат инфлацијата пред одлука за каматите

Централните банки ширум светот се соочуваат со сложена дилема околу евентуално зголемување на каматните стапки, при што клучен фактор е влијанието на растечките цени на енергијата врз пошироката инфлација.

 

Иако постои притисок за реакција, монетарните власти сигнализираат дека ќе интервенираат само доколку утврдат дека енергетскиот шок, поттикнат од геополитичките тензии, се прелева и врз останатите цени во економијата.

 

Според анализите, носителите на економските политики се обидуваат да добијат подлабок увид во однесувањето на компаниите, синдикатите и домаќинствата, со цел да разберат како тие се прилагодуваат на новите ценовни притисоци. Сепак, ваквите проценки се исклучително тешки и често непотполни.

 

И покрај широкиот спектар на анкети и индикатори со кои располагаат, централните банки се соочуваат со ограничувања во мерењето на инфлаторните очекувања. Од пандемијата наваму, развиени се нови аналитички алатки, но проценката на идните движења и натаму останува повеќе прашање на искуство отколку на прецизни модели.

 

Токму оваа незивесност ги прави креаторите на монетарната политика претпазливи, па тие често избираат да почекаат дополнителни сигнали пред да донесат одлука, со цел да избегнат потенцијални грешки.

 

Претставници на централни банки, меѓу кои и Банката на Канада, укажуваат дека во услови на глобална нестабилност ќе мора повеќе да се потпираат на проценки отколку вообичаено при креирањето на економските политики.

 

Во меѓувреме, Том Баркин, претседател на Федералните резерви во Ричмонд, посочува дека внимателно го следи однесувањето на компаниите при формирањето на цените, оценувајќи дека евентуално зголемување на каматите би следело дури кога инфлаторните очекувања ќе покажуваат јасна промена. Според него, таков сигнал засега не е видлив.

Поврзани вести

Препорачано