Нафта, долар, злато: зошто цената на златото сè уште не се менува?

Во време на геополитички кризи и војни, инвеститорите традиционално се обратуваат кон златото како безбедна инвестиција. Сепак, актуелните напнатости на Блискиот Исток засега не предизвикаа скок на цената на овој благороден метал. Во последните недели, цената на златото се движи релативно стабилно, и покрај турбуленцијата на светските берзи.

Економистите објаснуваат дека денешните финансиски пазари реагираат сложено, и геополитичката криза сама пом себе веќе не е доволна за автоматски раст на цената на златото. Главниот фактор во моментов се клучните каматни стапки во САД, кои ги одредува Федералната резервна банка. Златото не носи камата или дивиденда, па кога каматите се високи, инвеститорите претпочитаат обврзници или депозити. Доколку каматните стапки се намалат, капиталот брзо може да се префрли кон златото како безбедна инвестиција.

Друг важен фактор е силата на доларот. Бидејќи златото се тргува во долари, јакнењето на американската валута често ја сопира неговата цена. По ескалацијата на конфликтот со Иран, доларот зајакна во однос на другите светски валути, што покажува дека инвеститорите и понатаму го гледаат како најсигурна и најликвидна имотна класа.

Прогнозите за цената на златото во 2026 година се умерено оптимистички, но не единствени. Некои големи инвестициски куќи, како Goldman Sachs и JP Morgan, очекуваат цената да остане висока, во опсег од 5.000 до 6.000 долари за унца, додека аналитичарите на Morgan Stanley предвидуваат пад од околу 4.800 долари, а Bank of America дури до 4.000 долари. Од друга страна, UBS, Deutsche Bank и Wells Fargo гледаат можност за цена над 6.000 долари доколку се исполнат условите за силен раст.

Сериозно ширење на конфликтот на Блискиот исток, особено околу Ормунскиот теснец, би можело да предизвика скок на цените на енергијата и глобалната инфлација, што би ја зголемило побарувачката за злато. Исто така, централните банки, како кинеската и индиската, постепено ја зголемуваат својата златна резерва, што дополнително може да го поттикне растот.

Историјата покажува дека цената на златото експлодира кога се поклопуваат повеќе фактори: пад на каматните стапки, слабеење на доларот и геополитичка криза. Иако сега златото е стабилно, пазарите внимателно го следат секој сигнал, бидејќи реакцијата може да биде изненадувачки брза.

Поврзани вести

Препорачано